Македонската алијанса со честита Денот на македонската револуционерна борба

 

Партијата на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, по повод 23 октомври - Денот на македонската револуционерна борба упати честитки до сите граѓани на Македонија и до сите Македонците во целиот свет.

Во честитката стои дека пред 120 години, во Солун шестмина македонски визионери ја формираа Внатрешната Македонска Револуционерна Организација - ВМРО, како прва организирана политичка организација, поставувајќи ги темелите на семакедонскиот отпор и стремеж за слобода и обединување зачувано до денес. Нагласувајќи дека овој датум ги постави темелите на македонската државност, МАЕИ, во честитката додава дека обврска на секој Македонец каде и да се наоѓа е да го зачува својот идентитет и да го брани и одбрани името на Македонија и на македонскиот народ.

- Нека е вечен споменот за македонските револуционери, завршува честитката на единствената партија на Македонците во Албанија. 

23.10.2013 - 11:17

најчитано сега