ВМРО-ДПМНЕ: Имаме должност да се бориме за идејата за слобода на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ испрати честитка во која на сите граѓани им го честита празникот 23 Октомври- Денот на македонската револуционерната борба.

 

- Овој светол ден е темелот на кој што започна да се гради идејата за слободна и самостојна македонска држава. Заветот кој беше даден пред 120 години живееше и ги водеше Македонците низ сите премрежија низ кои поминуваше нашата татковина. Револуционерниот идеал беше водилката низ Илинденската епопеја од 1903, национално ослободителната партизанската борба која се круниса со АСНОМ и конечно 8 Септември кога се оствари сонот на Дамјан Груев, Христо Татарчев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџиниколов, Андон Димитров и Христо Батанџиев, се вели во честитката од партијата.

Идејата е иста и во 1893 година и во 1903 година и во 1944 година и 1991 година, стои во честитката. Идејата е слобода за Македонија.

-Ние како генерација имаме должност и аманет да продолжиме да ја чуваме, да се бориме и да работиме за оваа идеја. стои во честитката.

 

 

23.10.2013 - 12:08

најчитано сега