Градоначалникот на Бутел во самоизолација

Градоначалникот на општина Бутел Велимир Смилевски од вчера е во самоизолација, поради средбата со директорката на УЈП Сања Лукаревска која е позитивна на Ковид-19.

– После вчерашната вест за позитивниот тест на Ковид -19 на Сања Лукаревска, а поради средбата која ја имав со неа минатата недела, од вчера, а во интерес на граѓаните, самоиницијативно сум во самоизолација, и покрај тоа што при нашата средба целосно ги почитувавме мерките за заштита и обајцата, напиша на својот фејсбук профил градоначалникот Смилевски.

Тој додава дека денеска го направил тестот за Ковид-19 и резултатот го очекува во текот на утрешниот ден.

– Во моментов немам никакви симтоми и се чуствувам добро. И посакувам на мојата пријателка Сања Лукаревска и на сите граѓани кои се позитивни на Ковид-19 и се во самоизолација брзо оздравување и добро здравје. Апелирам да не го потценувате вирусот да бидете максимално внимателни и да ги почитувате мерките за заштита, пишува Смилевски на ФБ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.06.2020 - 17:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега