Град Скопје изврши намалување на решенијата за фирмарина за 2020 година

Град Скопје ги известуваме сите обврзници дека е извршена целосна системска корекција на решенијата за фирмарина за 2020 година по намалени износи, а кои се однесуваат на Тарифниот број 1.

Доколку таксените обврзници сакаат да добијат коригиран примерок од решенијата, истите може да ги испечатат на официјалниот портал на Град Скопје https://danoci.skopje.gov.mk/gskopje/root/public/login.xhtml и тоа во ставката ДАНОЦИ, каде што е потребно да се регистрираат и понатаму да ги следат упатствата кои водат до саканиот чекор.

Во однос на тие обврзници кои веќе извршиле уплата со целосниот износ наведен во решението, од Град Скопје укажуваат дека натплатениот износ за такса ќе се префрли за наредната година или по завршувањето на вонредната состојба, на барање на таксениот обврзник, ќе се изврши враќање на натплатениот износ.

Измените се согласно Одлука за изменување и дополнување на „Одлуката за висината на комуналните такси во Град Скопје“ донесена од Советот на Град Скопје, со која започнувајќи од 01.01.2020 година се изврши измена во Тарифниот број 1 на Одлуката, и се намали комуналната такса за фирма, како  дополнително олеснување на финансиската состојба на таксените обврзници кои вршат дејност.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.06.2020 - 15:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега