Возејќи велосипед дете удрило во друго дете во Горно Свиларе- двете пренесени на Клиника

 

Две деца се повредени во Горно Свиларе скопско откако со велосипед 13-годишник удрил во 11- годишник.

„На 22.06.2020 во 14,00 часот било пријавено дека во с.Горно Свиларе-скопско велосипед управуван од 13 годишник удрил во 11 годишен пешак двајцата од с.Горно Свиларе.

Во незгодата со повреди се здобиле двете деца, по што биле пренесени во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.“ велат од полиција.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.06.2020 - 10:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега