Вигенин: Не згрешив што реков Поранешна југословенска Република Македонија

Шефот на бугарската дипломатија Кристијан Вигенин вели дека не згрешил што ја нарекол нашата земја Поранешна  југословенска Република Македонија.

-         

Има запис од нашите изјави, да, тоа е официјалното име на Македонија, на Република Македонија, кое се употребува во рамки на Европската Унија и од Грција. Како гостин на Грција, не сметам дека направив грешка што го употребив тоа име, изјавил Вигенин за Бугарското национално радио , пренесуваат грчките медиуми.

   Вигенин во интервјуто потенцирал дека Бугарија нема никаква врска со спорот за името и ја призна Македонија под уставното име.

Шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос, минатата недела се сретма со својот бугарски колега. На средбата се зборуваше за односите на Грција и Бугарија со Македонија, како и за евроинтеграциите на нашата земја. На прес-конгеренцијата по средбата, Вигенин ја нарече нашата земја – Поранешна југословенска Република Македонија.

24.10.2013 - 10:20