Уапсен руски новинар поради државно предавство: Испратил тајни документи во НАТО Алијансата
Некогашниот новинар, а од неодамна советник на шефот на Руската агенција за вселенски истражувања „Роскосмос“, Иван Сафронов е приведен под обвинение за државно предавство.
Федералната служба за безбеднот (ФСБ) соопшти дека Сафронов предал тајни податоци на една од специјалните служби на НАТО Алијансата.
Наведено е дека по налог на НАТО Алијансата, Сафронов собирал и предавал информации за воено-техничка соработка, одбрана и безбедност на Русија кои претставуваат државна тајна.
Од „Роскосмос“ се огласија и наведоа дека апсењето на Иван Сафронов не е поврзано со неговата работа во таа корпорација каде што пристигнал пред два месеци.
Руските медиуми пренесуваат дека неговото апсење е веројатно поврзано со статијата која во мај ја објавил во „Комерсант“ за испорака на ловците од типот „Су-35“ на Египет.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа