Бидете подготвени на вториот бран на коронавирусот: Руските лекари советуваат - 7 работи кои треба да ги правите
Целиот свет е во исчекување на вториот бран на коронавирусот. Ковид 19 најверојатно ќе се врати на есен, и тоа не сам туку со многубројни „пријатели“ - сипаници, грип и други инфекции. Секоја сезона не напаѓаат до 200 различни видови вируси, но доминира една или две најопасни.
Лекарите советуваат: искористете го ова време да го зајакнете својот организам. Тогаш вас нема да ве загрози ниту една инфекција - ниту корона, ниту грип.
1. Свежиот воздух го зајакнува имунитетот, а сонцето создава во организмот „залихи“ на витамин Д кој помага во одбрана на инфекции.
2. Возење со велосипед, трчање, шетање во природа - било кој вид на физичка активност ќе допринесе за вашето здравје.
3. Ако се храните нездраво, сами отворате врата за многу болести. Анализирајте го своето мени - дали ви е храната разновидна, свежа, полна со витамини и минерали?
4. Ако имате некоја хронична болест - немојте да ја занемарувате.
5. Не пушете цигари.
6. Насмевката го продолжува животот. Стресот негативно влијае на одбранбениот систем на организмот.
7. Задржете ги добрите навики: мијте раце, носете маски...
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа