Синот на Бекам ја побара девојката за сопруга со прстен од 200.000 долари
Синот на славната двојка Викторија и Дејвид Бекам, Бруклин (21) ја побарал за сопруга својата девојка Никол Пелц, а медиумите пишуваат дека свршеничкиот прстен чини 200 000 долари.
Бруклин е најстариот син на Бекамови, а странските медиуми навеедувааат дека прстенот што го купил за својата свршеница има од 4,5 до 5 карати.
Таков прстен имаат Џенифер Лопез, Амал Клуни и Џенифер Лоренс, пренесува британски „Мирор“.
„Ја замолив мојата сродна душа да се омажи за мене и таа рече ’да’. Јас сум најсреќниот човек на светот. Ветувам дека еден ден ќе бидам најдобриот сопруг и татко“, напиша Бруклин на Инстаграм.
„Среќна сум што можам да те наречам мој“, кратко одговори Никол.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа