Сончево и раст на температурите во следните денови, за викендот невреме
Сончево време со мала до умерена облачност и постепен раст на дневните температури, најавуваат метеоролозите во следните денови, а за викендот нестабилно.
Од УХМР најавуваат дека во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд.
Утре температурата ќе се искачи до 32-от степен, во четврток до 34, петок 33, за време на викендот темпратурата ќе се движи од 24 до 32 степена.
В петок кон крајот на денот и за време на викендот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
14.07.2020 - 12:23
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа