ВМРО-ДПМНЕ: Докажавме дека сме конструктивна опозиција во Центар

-ВМРО-ДПМНЕ покажа дека е конструктивна опозиција во Општина Центар, рече денеска Томислав Лазаров, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар.

На вчерашната седница на Советот, советниците од редовите на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ гласаа за програмите на трите детски градинки и едното основно училиште во Центар. Со ова гласање покажавме дека секој пат ќе ги поддржуваме одлуките на Советот, кога се работи за проекти и работи во интерес на граѓаните на Општина Центар, рече Лазаров.

Од партијата велат дека жалат што СДСМ, водени од дневна политика непотребно ја одложувале оваа одлука, создавајќи, како што рече Лазаров, дополнителни трошоци кои паѓаат на грбот на граѓаните.

 

-Токму оваа седница на Советот на Општина Центар покажа дека СДСМ е тој кој ја блокира Општина Центар. Тие иницираат седници, а потоа ги опструираат само поради ситно политиканство. Нашата поддршка покажа дека ние нема ниту сега ниту во иднина да работиме против интересите на граѓаните. Ние ќе продолжиме да бидеме конструктивна опозиција која ќе го корегира мнозинството и ќе работи за потребите на граѓаните. Нема да дозволиме Општина Центар да се злоупотребува за партиски цели и за себереклама на Андреј Жерновски и СДСМ, рече Лазаров.

 

26.10.2013 - 14:22

најчитано сега