СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи барањето за Шиповиќ да се брани од слобода

Колку се конструктивни советниците на ВМРО-ДПМНЕ имаа можност да покажат во изминатите седници на Совет на Општина Центар, особено во јуни, кога ги повикуваа насилниците да ја рушат општинската барака, реагираат денеска од СДСМ.

-Сепак, советниците од ВМРО-ДПМНЕ ќе имаат можност да докажат дека се конструктивни во наредниот период: ги повикуваме да се приклучат на барањето на советниците од редовите на Сојузот на иднината, во кое се бара претседавачот на Совет на Општина Центар, Мирослав Шиповиќ, да се брани од слобода. На тој начин ќе покажат дека навистина не сакаат да ја блокираат работата на Општина Центар и се водат од интересите на граѓаните, а не од личните и партиските интереси, стои во писмената реакција на СДСМ.

 

 

 

26.10.2013 - 15:44