Имаше ли пенал за Реал Мадрид?

Навивачите на Реал Мадрид по поразот на нивниот тим во дербито против Барселона му замеруваат на главниот судија Ундијано Маљенко за недосудени два пенали. Првиот по шансата на Кедира кога топката во рака го погоди Адријано, а вториот по дуелот меѓу Маскерано и Роналдо. „Пеналот врз Роналдо беше очигледен. Цел свет го виде само судијата не“, изјави тренерот на кралскиот клуб Карло Анчелоти.

 

26.10.2013 - 21:29