Денеска продолжува уривањето на објектот пред трговскиот центар „Мавровка“

 

И денеска треба да продолжи уривањето на објектот пред трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје.

До доцна во текот на вчерашниот ден тие работеа на терен и од она што може да се види е дека се срушени речиси половина од горната плоча на објектот и дел од бетонските столбови. 

Рушењето на објектот започна вчера во утринските часови откако ден претходно владата одлучи да им препорача на Општина Чаир и Јавното претпријатие за одржување на магистралните и регионалните патишта да склучат договор и да се почне со отстранување на дивоградбата.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.09.2020 - 09:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега