Скопјанец му удрил бокс на полицаец

Пијан скопјанец нападнал полицаец кој се обидел да го приведе неговиот брат. Како што информира полицијата 25 годишниот А.М од Скопје ќе одговара за напад врз службено лице откако во саботата на улицата Самоилова во Скопје му удрил тупаница во пределот на лицето на еден од полицајците кој се обидувал да го приведе неговиот брат М.М. 
Полицијата ги затекнала двајцата во алкохолизирана состојба и побарала од нив да се легитимираат. Тие одбиле и почнале да ги навредуваат полициските службеници, по што овие сакале да ги приведат. Тогаш А.М со тупнаица го удил полицаецот.

најчитано сега