Уште еден наставник од Скопје позитивен на корона – учениците не се во изолација
Уште еден случај на заразен наставник со Ковид 19 е регистриран и во општина Центар, во основото училиште „Димитар Миладинов“ наставникот по физичко , од саботата пројавил симптоми на корона, јавува „Телма“.
Тој во петокот бил на работа и држел часови , но од училиштето за Телма велат дека се почитувале мерките и протоколите. Никој од основците на кои им држел часови не се во изолација , а наставникот од вчера е позитивен на вирусот.
За сега повеќе од 50 основци и 10 наставници се позитивни или се во изолација поради тоа што биле во контакт со заразен од корона .
13.10.2020 - 12:16
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа