„Вистинската жена има облини и несовршености“ - кога таа влегува во просторија, и слабите паѓаат во втор план
Кендис Хафин успеала да го исполни својот најголем сон, а тоа е да стане модел. Таа на 36. години јаде што сака, а нејзиното лице ги краси насловните страници на сите магазини.
„Откако знам за себе, сакав да станам модел. Моето тело можеби не е совршено, но јас секогаш сум ги сакала моите облини. На овој начин си потврдив себеси дека и другите го сакаат. Многумина ме убедуваа дека никогаш нема да станам модел, но јас не ги слушав“, рекла таа.
„Упорно и тврдоглаво одев кон својата цел и погледнете каде сум денес! Јас сум успешна, славна и позната, а најважно е дека сум среќна. Сакајте се себеси и верувајте дека можете да ги исполните своите соништа“, тврди Кендис.
Оваа девојка е висока 180 сантиметри и има 92 килограми. Таа истакнува дека се гордее со своите облини и дека ужива во храната и пијалоците и наведува дека најголема желба ѝ е да ги охрабри сите ѓени да веруваат во себе и добро да се чувствуваат во своето тело.
„Жената мора да биде сигурна во себе и да го сака своето тело без оглед колку килограми има. Целулитот и вишокот килограми се сосема во ред. Жената и не треба да изгледа како кукла и без ниедна мана. Несовршеностите се она што не издвојуваат и не прават посебни“, вели таа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа