Се очекува 600,000 фанови да го посетат Мундијалот во Бразил

Шестотини илјади туристи се очекува да го посетат Мундијалот во Бразил кој што наредната година ќе се одржи во Бразил. 

- Знаеме дека најмногу гости ќе имаме од земјите на Латинска Америка поради близината, страста и чувствата кон фудбалот кои владеат на овој континент, но упатуваме покана и до останатите навивачи од целиот свет да дојдат во Бразил и да ги бодрат своите репрезентации - изјави претставник на Институтот за туризам на Бразил. Според оваа организација, вкупната инвестиција за Светското фудбалско првенство во 2014 држава ќе достигне 16 милијарди долари.

најчитано сега