„Независините“ си добија функција во СДСМ

СДСМ вчера ги промовираше претседателите на новоформираните работни тела. Во имињата кои ги обзнани СДСМ можат да се забележат лица кои подолг период претходно во јавноста се декларираа како невладини активисти и независни експерти. Со овој потег СДСМ ја разоткрива нивната тесна поврзаност со невладини организации од граѓанскиот сектор, јавува Курир

Во новите постојани работни тела на СДСМ место најдоа Маргарита Цаца Николовска,поранешен судија во судот во Стразбург која во јавноста се претставуваше како експерт за судски и правни прашања, Лидија Димова директор на НВО Македонски центар за европско образование , Мила Царовска програмски координатор во НВО ХЕРА. Сите овие лица во изминатиот период во јавноста се претставуваа како независни експерти кои ја критикуваа работата на Владата.

 

 

31.10.2013 - 13:30

најчитано сега