Приведен крадец – ограбувал цркви во Охрид и Дебрца
50-годишен штипјанец е уапсен поради основи за сомнение дека ограбувал цркви.
-Поради постоење основи на сомнение за сторени повеќе кражби и тешки кражби во цркви на подрачјето на Охрид и Дебарца, на 27.11.2020 година, во селото Ботун, приведен е Т.Б.(50) од Штип. Против него, СВР Охрид ќе поднесе кривична пријава. Т.Б. е осомничен за извршена тешка кражба во црквата „Св.Илија“ во с.Велгошти, охридско и во црквата „Св.Никола“ во с.Белчишта, општина Дебарца, од каде одзел пари, а биле пријавени во полициска станица претходниот ден, велат од полицијата.
29.11.2020 - 13:25
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа