Силна експлозија во магацин со хемикалии во Велика Британија – најмалку четворица загинати (ВИДЕО)

Во експлозија во магацин за хемикалии за преработка на отпадни води во близина на Бристол загинаа четири луѓе, соопшти тамошната полиција.

Британските власти засега ја исклучуваат можноста за терористички напад.

Засега во извештаите на локалните медиуми нема повеќе детали за причините на експлозијата.

Сведок за Би-Би-Си изјавил дека слушнал многу силна експлозија која ги потресла зградите, а друг оти десетина возила Итната медицинска помош отишле на местото на експлозијата.

Според некои локални медиуми, за исчезнати се водат и две лица.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.12.2020 - 20:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега