Внимавајте на тунелот кај Катланово

 

Доколку денеска седнувате во автомобил ова е моменталната состојба на патиштата.

Тунелот Катланово (Бадар) патен правец Скопје - Велес (М1) денеска ќе биде без напојување со електрична енергија од 09:30 до 14:00 часот поради изведување на работи на електричната мрежа од страна на ЕВН.

Теренските активности (геодетски и геомеханички истраги) кои се изведуваат долж патниот правец А-1, делница Миладиновци-Куманово (во двата правци) односно од наплатна станица Миладиновци до крај на стариот автопат-клучка Кр.Паланка, во периодот од 30.10.2013 год. до 02.11.2013 год. ќе се изведуваат во околината на с.Агино (стационажа од км 23+388,43 до км 21+388,43).

Работите ќе се изведуваат во временски период од 06:00 до 19:00 часот, додека пак сообраќајната сигнализација за времена измена на режим на сообраќај ќе биде поставена 24 часа на трасата. Од 07.10.2013 започна изведба на градежни работи на патниот правец Велес - Кадрифаково фаза 1: од клучка Велес крај на трета лента (депонија Велес) Лозово, Сарамзалино.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Кочани-Делчево и Берово-Виница, каде е можна почеста појава на одрони.

Сообраќајот на сите останати државни патишта низ Македонија се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

01.11.2013 - 09:14

најчитано сега