ФОТО: Шестгодишно Македонче ја освои Солунска Глава!

Шестгодишно момче од Неготино кој е член на Планинарското друштво „Антигонеа“ е најмладиот освојувач на Солунска Глава!

Како што пренесува Региони.мк, се работи за малиот Ване Бошев од Неготино кој заедно со повозрасни и поискусни колеги, деновиве успеа да го освои врвот Солунска Глава, на надморска височина од 2.540 метри на планината Јакупица.

Малото планинарче вели дека љубовта кон планинарењето ја наследил од својот татко и дека негова најголема желба е еден ден да го освои и Мон блан.

01.11.2013 - 10:49
Фото: 
Региони.мк

најчитано сега