Македонска библиотека отворена во Љубљана

Љубљана доби библиотека со македонски книги од сите области на општественото и културното живеење. Библиотелата е отворена со помош на „Матица македонска“ во соработка со Македонското културно друштво „Македонија”.

- Со цел афирмација на македонскиот јазик, култура, историја и традиција, „Матица македонска“ обезбеди книги кои ќе бидат од голема корист за младите кои го зборуваат, а посебно за оние кои го изучуваат македонскиот јазик. Со оваа богата колекција од книги на македонски јазик, Македонското културно друштво во Љубљана ќе биде вистинска матица за сите Македонци кои живеат во Словенија, соопшти „Матица“.

Издавачот најави дека ќе ја продолжи ваквата соработка со уште неколку македонски друштва во светот, а целта е се повеќе да се афирмира македонскиот јазик, културата и традицијата во Македонија. 

 

01.11.2013 - 11:02
Фото: 
Коолтура

најчитано сега