Литванец се обидел да шверцува поголемо количество дрога на Табановце

Македонските цариници на граничниот премин Табановце денеска повторно спречија шверц на поголемо количество дрога.

Како што информираат од Царинската управа, цариниците ја заплениле дрогата утрово во 8 часот при преглед на патничко моторно возило со германски регистарски таблици со кое управувал државјанин на Литванија.

Повеќе детали Царината ќе соопшти во текот на денот.

01.11.2013 - 11:07

најчитано сега