Викенд временска прогноза: Сончево но посвежо

Во Македонија во утринските часови ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува слаб југозападен ветер. Утринските температури од 3°С до 10°С, а максималните дневни температури ќе се движат од 16°С до 24°С, пишува специјализираниот портал за временска прогноза, Weathr4all

Во сабота во утринските часови ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност. Слаб југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен и западен ветер кој ќе достигне брзина и до 20 км/ч. Утринските температури од 1°С до 8°С а максималните дневни температури ќе се движат од 16°С до 24°С.

Во текот на ноќта ќе има појава на магла по котлините и долините на реките.

Во недела во утринските часови ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе биде претежно сончево и ветровито. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува засилен југозападен ветер кој ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури ќе се движат од 0°С до 7°С, а максималните дневни температури ќе достигнат до 16°С односно до 23°С.

01.11.2013 - 11:28

најчитано сега