Жителите на Брвеница го блокираа патот Тетово - Волковија

Жителите на Брвеница денеска во период 10 до 12 часот го блокираа регионалниот пат Тетово - Волковија.

Причина за двочасовниот протест на жителите од селото е тоа што на улиците немало лежечки полицајци и тротоари, а поради големата фрекфенција и брзина на возилата што минуваат по патот во изиминатите години имало повеќе сообраќајки во кои имало загинати и повредени луѓе од нивното село. Кулминација беше случајот од пред неколку денови кога за жал автомобил потешко повреди две годишно девојче, нејзината тригодишна сестра и нивната баба.

Протестите и блокадите на истото место во понеделник ќе бидат спроведени во ударниот термин од 7 до 9 часот наутро.

Доколку не се превземе нешто, жителите на Бревеница велат дека ни децата нема да ги пуштат на училиште.

01.11.2013 - 12:08
Фото: 
Евести

најчитано сега