Трагедија: 9-годишно девојче од Македонија се удави во Италија

 


Трагедија се случила вчера во Италија, откако некаде околу 16 часот во Сан Џакомо ди Педероба во близината на Тревизо, се удавило 9-годишно девојче по потекло од Македонија, пренесува „Ла Трибуна ди Тревизо".

- Девојчето, Адна Ислам, со македонско потекло и жителка на Кавасо дел Томба, било со своето семејство, родителите  Ихмет и Наила и помалите брат и сестра, на попладневен одмор  покрај брегот на реката Пјаве. Малата Адна си играла на камењата со други девојчиња кога се лизнала и паднала во реката и  исчезнала веднаш,  повлечена од  водната струја,  пишува весникот.

Брзо пристигнале пожарникари, карабинери и нуркачи. Нуркачите од противпожарната бригада го пронашле телото на несреќното девојче  околу 18:30 часот, заробено меѓу камења.

Како што пишува весникот, градоначалникот и неговата заменичка трогнати од несреќата изразиле длабоко  сочувство и подготвеност да му помогнат  на семејството на  секој начин.

30.06.2025 - 09:14

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега