Директорот на БЈБ Александар Јанев на терен со полицијата во Кочани и Берово
Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев денеска беше на терен со колегите и дел од раководството, кои патролираат и секојдневно ги извршуваат своите должности во Кочани. Јанев притоа беше информиран за секојдневните активности на полицијата и за нејзината работа со заедницата.
-Постојано ја давам мојата лична поддршка и знаење на раководството и колегите од ОВР Кочани. Секојдневно се ангажираат полициски службеници од други градови и региони за да им помогнат на колегите во Кочани – заедно да ја испорачуваме безбедноста и да ја возобновиме довербата на заедницата во полицијата. Нашата цел е да изградиме вредности на заедништво, транспарентност и блискост, затоа што само со здружени сили може да се оди напред, да се гради системот и да се инвестира во колективната безбедност, истакна директорот на Бирото за јавна безбедност.
Јанев денеска беше и на терен со колегите во ОВР Берово, каде со раководството и со полициските службеници, беше анализирана актуелната состојба, предизвиците кои стојат пред полицијата и начините и методите со нивно справување.
-Пораката е јасна и недвосмислена – нема да дозволиме криминалот и поединците кои го нарушуваат мирот да го уништат заедништвото и довербата што ја градиме со упорна работа и чесна служба, заклучи директорот на БЈБ Јанев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа