Канческа-Милевска: Саат Кулата во Гостивар сега е вистински симбол на градот

Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска денеска работно ги прошета Гостивар и Кучево.

- Со конзервацијата и реставрацијата на Саат Кулата, Гостивар доби вистински симол на градот, кој ќе биде атрактивен и ќе привлекува туристи, нагласи министерката за култура Елизабета Канчевска-Милевска по обиколката на објектот кој е изграден во 17 век. 

Министерката потсети дека овој проект е дел програмата на Владата и Министерството да се заштитат културно-историските споменици во Република Македонија. - Задоволна сум од сработеното и она што го видов како од ентериерното, така и на надворешното уредување.  Вредеше да се искачат и стрмните скали до врвот на кулата. Се надевам дека од таа глетка ќе бидат задоволни и туристите, кои отсега ќе имаат можност и одвнатре  да го видат овој културно историски споменик, рече Канчевска-Милевска.

 Канческа-Милевска оствари средба со градоначалникот Невзат Бејта на која било разговарано за натамошната соработка, со заедничка оценка дека досега таа била на виско ниво.

01.11.2013 - 13:01
Фото: 
Региони.мк

најчитано сега