Самоубиство во Струга - 16 годишно девојче се отруло со таблети

Синоќа 16-годишно девојче од селото Делгожда од Струга се самоуби пиејќи поголемо количество таблети.

За жал, Фатилинда која веднаш била однесена во болница не давала знаци на живот, па докторите не можеле ништо да направат освен да констатираат смрт.

Фатлинда била ученичка во средношколскиот центар „Ибрахим Темо“ во Струга. По вчерашното враќање од училиште, се затворила во својата соба и испила поголемо количество различни видови таблети. Нејзините блиски ја затекнале во лоша здравствена состојба и веднаш се упатиле да бараат лекарска помош, но девојчето починало на пат кон болница.

На телото нема траги од насилство.

најчитано сега