Од полноќ нови цени на горивата
Како и секој понеделник, така и овој, Регулаторната комисија за енергетика денеска напладне ќе ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.
Бензините минатата недела поскапеа за половина денар по литар, а цената на дизел горивата се намали за половина денар.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 60,5, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 62,5 денари за литар. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесуваат по 53 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,550 денари за килограм се зголеми и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и изнесува 28,837 денари.
Како причина за променетите цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочи намалената цена на акцизата на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за по еден денар, како и зголемените референтни цени на светскиот пазар во изминатите седум дена кај бензинот во просек за околу 3,916 отсто и кај дизелот за околу 2,841 отсто и за околу 0,369 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.
Останува да видиме дали ќе имаме ново поскапување.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа