Турунџиева објави фотка од нејзината пријателка: Атиџе позира пред елка -“од накит има само очи, полни со добрина“
Хероината Атиџе Муратова од документарниот филм „Медена земја“ ги освои срцата на луѓето ширум Македонија.
Со неа се запознаа многу македонски јавни личности, а една од нив беше и Сузана Турунџиева која летото ја посети Атиџе во нејзиниот дом и станаа пријателки, а како што исткна тоа е нешто најубаво што и се случило во оваа 2020та година.
Пријателството меѓу Сузана и Атиџе продолжува, па двете дами често се дружат, а тие моменти ги овековечуваат со заеднички фотографии, а овојпат Турунџиева сподели фотографија од Атиџе на која позира покрај елка.
„Од накит има само очи... ОЧИ, ПОЛНИ ЧОВЕЧНОСТ И ДОБРИНА! Да ја немаше ќе требаше да ја измислиме“ напиша Турунџиева.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа