СДСМ: Автопатите можеа да се изградат и без заем од Кина

 

Опозициската СДСМ во писмена реакција на изјавата на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески за изградба на автопатските делници Скопје-Штип и Кичево-Охрид оценува дека овие проекти можело да се реализираат без заем од Кина.

- Со околу 800-те милиони евра, колку што според повеќе проценки ќе изнесува вкупното задолжување, јавниот долг на Македонија ќе се зголеми за над 40 проценти од БДП во Република Македонија. Нешто што Владата можеше да го реализира и без заем од Кина, се истакнува во реакцијата.

СДСМ во реакцијата додаваат и дека е неопходно во иднина власта да се посвети многу поангажирано во користењето на претпристапните фондови на ЕУ во иградбата на патната инфраструктура. Контролата на трошењето на овие пари е поголема и обезбедува најсовремени и најбезбедни технологии, се наведува во реакцијата.

03.11.2013 - 15:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега