ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ лаже - Македонија ќе се задолжи 580 милиони евра

 

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска реагираше на изјавата на СДСМ за автопатите и нивната изградба и истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ги реализираа автопатите од Скопје до Тетово, 76,6% од вредноста на обиколницата околу Скопје во периодот од 2006 до 2010, автопатот од Табановце до Куманово, како и реконструкцијата на делницата од автопатот од Скопје до Велес.

- СДСМ нека престане да лаже и да манипулира во врска со задолжувањето за овие два Проекти. Македонија нема да се задолжи за 800 милиони евра, како што вели СДСМ,  туку задолжувањето ќе биде  580 милиони евра од кинеската Ексим банка со рок на отплата од 20 години и исклучително поволна каматна стапка од 2 процентни поени. Колку за споредба кога СДСМ се задолжуваше кај кинеска банка за изградбата на ХЕЦ Козјак, таа тоа го направи со каматна стапка од 7,4 %. За овој кредит СДСМ не даде ниту еден денар, туку парите за кредитите ги исплаќаше Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ од 2008 година па навака, велат од партијата и додаваат дека  СДСМ се целосно лицемерни кога го критикуваат градењето на овие две автопатски делници. 

 

Всушност тие не може да се помират дека во Македонија за мандатот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе се изградат 64% нови автопати во споредба со тоа што е изградено во минатите 60 години, а сето тоа ќе значи и раст на економијата, нови вработувања за огромен број лица и придобивки кои граѓаните секој ден ќе ги чувствуваат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

03.11.2013 - 15:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега