Нова услуга на ЕВН Македонија - плаќање на сметките за електрична енергија преку Интернет

 

ЕВН Македонија воведе нова услуга - е-пункт на ЕВН кој на корисниците им овозможува онлајн плаќање на фактурите за електрична енергија, со која било кредитна или дебитна картичка без провизија.

 Со оваа услуга брзо, лесно и сигурно ќе може да се платат заостанатите или тековните фактури, трошоците за нов или повторен приклучок, како и други долгови, без никаква провизија. Корисниците кои имаат повеќе броила, може да ги групираат во сопствениот профил и ќе имаат преглед на сите трошоци на едно место. Услугата е наменета за физички лица.

 

 За креирање на кориснички профил на веб-страницата www.evn.mkпотребно е да се внесе корисничкиот број, бројот на фактурата за електрична енергија и електронската пошта на корисникот. Понатаму, при секоја регистрација, корисникот ќе добива детален увид во сите трошоци, во секое време од денот. Со е-пункт, корисниците имаат можност да ги избегнат каматите за задоцнето плаќање и да не се грижат за пристигнувањето на фактурите.

 Онлајн плаќањето е одлична можност за оние корисници кои патуваат често или живеат во странство, а имаат имот во Македонија, но и за сите оние кои досега имаа навика да плаќаат со кредитни картички во наплатните места на ЕВН Македонија.

Со е-пункт корисниците ќе заштедат време, пари и енергија, а во исто време ќе имаат целосен увид на сите трошоци. 

04.11.2013 - 11:53
Фото: 
Денар.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега