Албанскиот премиер Рама во официјална посета на Македонија

На покана на претседателот на македонската Влада Никола Груевски, албанскиот премиер Еди Рама денеска престојува во официјална посета на Македонија.

Предвидено е освен со македонскиот премиер, Рама да оствари средби и со шефот на државата Ѓорге Иванов, со претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, како и со лидерите на ДУИ и ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи. На средбите ќе се дискутира за повеќе теми меѓу кои унапредување на билатералната соработка, соработката на полето на економијата и трговската размена и реализација на крупни инфраструктурни проекти и за европските и евро-атлантските перспективи и интеграции на регионот, кои се стратегиска определба на двете земји.

Ова е прва посета на Рама откако во септември ја презеде премиерската функција.

 

05.11.2013 - 09:08
Фото: 
Сител

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа