Прилепчани добија ново кино

Со промоција на „Балканот не е мртов“ синоќа во Прилеп официјално беше отворено новото кино „Мис Стон“ во склоп на Домот на културата  „Марко Цепенков“ кое има нова дигитална опрема и проектор вреден 100.000 евра. 

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска присуствуваше на отворањето на киното и пред присутните истакна дека со него ќе се збогати културната понуда во Прилеп.

- Создавањето на оваа нова киносала е цврст материјален постулат за интензивниот културен развој на општина Прилеп, која има изразено чувство за културата како стратегија за поддршка на културните вредности, рече Канческа-Милевска и додаде дека досега се поставени преку 20 проектори во градовите кои го побудиле интересот на граѓаните за филмската уметност. 

Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески,  истакна дека ова е голем чекор за развој на кино културата во градот. - Постарите се сеќаваат колкави беа задоволството и интересот да се оди на кино зашто градот има стара традиција, уште од 1935 година. Ова е едно од ветувањата на локалната самоуправа за да им излезе во пресрет на барањата на граѓаните, рече Ристески.

Инаку, во кино-салата собира 130 лица.

05.11.2013 - 09:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега