Британските „Сан“ и „Тајмс“: Која е таа Дуња Мијатовиќ?

Двата звучни британски весника „Сан“ и „Тајмс“ воопшто не слушнале, ниту се заинтересирани за изјавите и функцијата на претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, пренесува Дневник.

-Прв пат слушаме за таа личност!, ваков одговор за „Дневник“ даде портпаролот на британската медиумска групација чија сопственост се весниците „Сан“ и „Тајмс“ одговорил на прашањето дали знае која е Дуња Мијатовиќ. Исто така тој во телефонскиот разговор неколку пати се обидел да го изговори името но попусто.

-Таа го задржа правото на нејзината корпорација да не се претстави, објаснувајќи ни дека такви им биле правилата за комуникација, но сеедно. Двата звучни британски весника воопшто не слушнале, ниту се заинтересирани за изјавите и функцијата на Дуња Мијатовиќ, околу која во Македонија „се потресуваме“, пишува Дневник.

Инаку, специјалното парламентарно тело, Тајниот совет, во средата попладнето го доби благословот од кралицата Елизабета Втора за уредбата со која ќе се формира регулаторно тело за мониторинг на печатените медиуми во Велика Британиjа. Зад оваа одлука застанаа трите највлијателни партии во земјата, останува да се види како ќе се имплементира. За одлуката млака реакција имаше и Мијатовиќ, па сакавме да видиме колку британките медиуми се воодушевени од поддржувачката од ОБСЕ,пишува Дневник 

-Дали г-ѓа Мијатовиќ има намера да го посети Обединетото Kралство, да се сретне со премиерот Дејвид Kамерон или со други владини претставници и отворено да разговара дека со формирање регулаторно тело за мониторинг на печатените медиуми се врши притисок врс слободата на новинарското перо? Kои конкретни мерки ќе ги преземе за заштита на британските новинари од владина контрола? Нејзиниот став е јасен и дециден кога станува збор за слободата на изразување во Македонија, колку може да влијае врз состојбата во Велика Британија за истото прашање?  Овие три барања електронски ги испративме во нејзината канцеларија во седиштето на ОБСЕ во Виена, пренесува Дневник. 

- Таа нема да биде во Виена. Но ако ги прочитате сите изјави од г-ѓа Мијатовиќ, сигурен сум дека ќе најдете соодветен одговор на вашите прашања, вели за Дневник Гунар Вранг, советник во нејзината канцеларија во Виена. 

Инаку, во последното соопштение стои изјавата на Мијатовиќ дека „политичарите не треба да им кажуваат на новинарите како да дејствуваат и оти самоконтролата на новинарите, а не владината е најдобриот начин да се сфатат етичките проблеми во печатот“.Никаде нема одговор дали таа ќе се сретне со Камерон.

05.11.2013 - 10:55
Фото: 
макденес

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа