Владата нуди поволни кредити за самовработување и отворање нови работни места

Владата продолжува со мерките за вработување и намалување на невработеноста во државава.  Агенцијата за вработување распиша два огласи аплицирање за поволни кредити од кои првиот е за кредитирање микро и мали претпријатија, додека вториот е за кредитирање невработени лица за самовработување.

Како што пренесува Економски.мк, на првиот оглас може да се аплицира  за кредит од 3.000 евра, а максималниот износ на кредитот е 9.000 евра за три нови работни места. Услов е фирмите да се активни барем една година и да имаа вработено лице, додека на вториот оглас можат да се јават сите невработени од евиденцијата на Агенцијата кои ќе почнат сопствен бизнис и ќе отворат три до пет работни места. За дејности од поголем обем пак, можат да аплицираат по пет невработени, од нив 5000 евра ќе добие кредитобарателот и по 3.000 останатите четворица, или вкупно 17.000 евра.

- „Овие мерки имаат цел да се зголеми вработеноста, тие се добра поддршка и за оние лица кои се невработени, а имаат идеја да реализираат бизнис, но и за прептријатијата кои сакаат да вработат нови лица и да го прошират својот бизнис. Условите се многу поволни, рок на враќање на средствата од 2 години, грејс период од 1 година, и камата од само 1%. Искуствата покажуваат дека 90% од бизнисите кои се реализирани со оваа мерка опстојале и продолжиле да функционираат, значи има ефикасност “, изјави владиниот потпарол, Александар Ѓорѓиев.

Огласите ќе бидат отворени до 15 ноември.

05.11.2013 - 16:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега