Утре средба Груевски- Рама

Премиерот на Република Албанија Еди Рама утре во Скопје ќе оствари средба со македонскиот премиер Никола Груевски по која се најавени изјави за медиумите. Рама ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести. 

Предвидена е и заедничка средба на делегациите на двете земји.

Рама ќе се сретне и со претседателот Ѓорге Иванов, со претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, како и со лидерите на ДУИ и ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи.

 

„Се очекува да се разговара за повеќе теми од заеднички интерес, дополнително унапредување на билатералната соработка, за соработката на полето на економијата и трговската размена, како и за реализација на крупни инфраструктурни проекти и за европските и евроатлантските перспективи и интеграции на регионот, кои се стратегиска определба на двете земји“, се наведува во соопштението.

 

Ова е прва посета на Рама откако во септември ја презеде премиерската функција.

 

05.11.2013 - 22:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега