АЕК до СДСМ: Нашиот антенски систем е уникатен

Нашиот антенски систем ќе биде уникатен и неспоредлив со останатите во регионот истакнува Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) во реакција на денешните обвинувања од СДСМ, дека изградбата на Кулата со антенскиот систем за контрола и мониторинг на радиофреквенции што ќе се гради на Водно ќе чини многу повеќе од истите такви објекти во околината.

- За изградба на овој проект од страна на АЕК беше распишан Оглас за Јавна набавка за изградба на антенски систем за контрола и мониторинг на радиофреквенции на територија на Република Македонија со број 01-2013 од 08.01.2013. Во оваа постапка за Јавна набавка учествуваа два понудувачи, по што во согласност со Законот за јавни набавки се закажа електронска аукција, која се одржа на 11.04.2013 година со почетна цена од 1.229.706.958,23 денари. По завршување на електронската аукција се постигна цена од 1.084.706.000,00 денари, по што се избра најповолен понудувач и се склучи договор со „Гранит“ АД Скопје, се појаснува во рекацијата од АЕК.

Во однос на споредбите на Антенскиот систем за контрола и мониторинг на радиофреквенции на територија на Република Македонија со други столбови во нашата околина, се додава, може да кажеме дека неговата габаритност, структура, функционалност и употребата на елементи и материјали изработени по најсовремени технологии, како и заради модерниот изглед на самата конструкција го прави уникатен на овие простори и неспоредлив со антенските системи кои постојат во нашата околина.

http://www.kurir.mk/images/stories/2013/11/05/500aek1.jpg

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега