Нема да има жолти ленти на „Мериот“„ - правната основа за запленување на неговиот имот отпаднала откако се појавил, вели Заев

Нема да има жолти ленти за хотелот „Мериот“. Премиерот Зоран Заев за ТВ21 изјави дека постоело кривично дело и со тоа и правна основа за заплена на имотот, сметките како и компаниите кои се уште се на име на екс директорот на УБК Сашо Мијалков, но правната основа за тоа отпаднала откако тој се појавил.

„Постоеше основа за заплена на се она што е на име и на неговото семејство, поради тоа што тие можеа да бидат осомничени за кривично дело помагање на бегство. Но со самото појавување на Мијалков, правната основа за сето ова е падната и всушност тој и затоа и се појави“, вели премиерот за ТВ21.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.02.2021 - 15:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега