Полицаецот осуден како соучесник за настаните на 27 април: Многу твои родендени, сине, пропуштив мислејќи дека ја бранам државата

 

Митко Пешов, еден од полицајците кои за настаните во Собрание на 27 април беше осуден како соучесник и доби казна затвор од 13 години со емотивен статус на фејсбук му честиташе роденден на својот син.

„Сине мој, Кристијан, денес кога полниш 23 години повторно не сум со тебе како и пред 23 години кога дојде на овој свет. Тогаш државата имаше потреба и јас мислев дека ја правам исправната работа како и многупати потоа, ја почнува роденденската честитка за синот Митко Пешов од МВР, кој доби 15 години затвор за настаните во Собранието на 27 април.

Многу твои родендени ги пропуштив затоа што бев некаде таму мислејќи дека ја бранам државата. Еве денес сине мој повторно не сум со тебе затоа што денес дојде време државата на која ѝ го посветив животот и времето кое требаше да ви го посветам вам, да ми врати на свој начин повторно одвојувајќи ме од вас. Таа држава ти нанесе силен удар и тебе лично повторно повикувајќи се на моите „гревови“ за 25-годишното служење. Но, сине запамти ние сме сини и многу бури имаме преживеано и ќе ја преживееме и оваа и секогаш да бидеш со гордо крената глава затоа што немаш од што да се срамиш. Знам дека денес јас и ти сме речиси странци еден на друг и се надевам дека еден ден сепак ќе разбереш дека те сакам бескрајно и се додека сум жив ќе се борам за вас. Среќен роденден, сине. “ напиша Пешов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.03.2021 - 13:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега