Уште 58 објекти низ цела Македонија под катанецот на УЈП

Управата за јавни приходи при редовните контроли поради неправилности во работењето изрече времена мерка затворање и парична казна за вкупно 58 објекти од кои 26 се од Тетово, 8 од Велешко, 10 од Куманово, 3 од Охрид и Битола, 5од Прилеп и еден од Вевчани.

Се работи за две „диви“ обложувалници во струшките села Велешта и Радолишта од каде е одземена и опремата.

Во општина Чашка, при контрола на фискализација кај даночен обврзник, повеќе лица се собрале надвор од објектот и гласно упатувале погрдни зборови. Утврдено дека едно од лицата е висок полициски службеник. Случајот е пријавен во Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди на МВР.

Исто така и во Велес, сопственик на магацин за прехранбени продукти се обидел да ја одолговлекува контролата за фискализација со цел „ургенција“ преку инспектор во УЈП, со кој бил во роднински врски и чиј син работел во магацинот.

06.11.2013 - 12:19
Фото: 
Скопјеинфо

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега