Украдени златни предмети и 180.000 денари од канцелариите на Муфтиството во Охрид

Во полициската станица во Охрид, денеска била пријавена кражба во канцелариите на Муфтиството од Охрид каде вчера непознато лице влегло и одзело 180.000 денари и златни предмети.

Кражбата е извршена на тој начин што крадецот во период од 21 часот до 8 изутрина, влегол во објектот со насилно отварање на прозорецот, ја отворил металната каса, ги одзел парите, а потоа и предметите и избегал од местото на настанот.

Направена е материјална штета од 240.000 денари. 

Полицијата изврши увид.

08.11.2013 - 12:34
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа