Пришол од зад грб и почнал да го удира со стап, па извадил нож: Струмичанец осомничен за обид за убиство

Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 57-годишен жител на село Вељуса поради основано сомнение дека сторил кривично дело убиство во обид, информираат од Основното јавно обвинителство Скопје.

Според обвинението, осомничениот, на 4 мај 2021 година, околу 8:30 часот во село Вељуса, се обидел да го лиши од живот оштетениот кој се движел по главниот пат. Без никаков повод или причина и без претходна вербална расправија, осомничениот со брзи чекори му се приближил од зад грб на оштетениот и со дрвен стап со должина од  околу 1,50 метри започнал да го удира во пределот на главата и телото. Кога оштетениот успеал да му го одземе дрвениот предмет, осомничениот иако бил свесен дека поради неговото сторување може да настапи штетна последица, но се согласил со нејзиното настапување, со нож со дрвена рачка и сечило од околу 20 сантиметри што го држел во другата рака, го прободел оштетениот во левата страна од половината.

Осомничениот се товари за кривичното дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик, а во насока на непречено одвивање на кривичната постапка јавниот обвинител до надлежниот суд достави предлог за определување  мерка притвор за осомниченото лице. Предлогот, како што инфомираат од ОЈО Скопје, бил прифатен од Судијата на претходна постапка при Основниот суд Струмица, така што на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.05.2021 - 11:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега