Момче од Скопје падна во бездна на Солунска глава - хеликоптер на терен

Хеликотер на МВР го спаси момчето кое попладнево паднало во бездна крај реката Бабуна на Солунска Глава. Како што информира полицијата, момчето е префрлено во Ургентниот Центар но нема информации каква е неговата состојба. Според информациите кои ги објавија битолските медиуми, момчето од Скопје заедно со уште дестина планинари се искачувало на Солунска Глава. Во еден момент се лизнало и паднало. 

09.11.2013 - 21:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа