За една вечер осиромашил 20.000 евра - еве што му се случило на овој несреќен гостиварчанец

Непознати крадци вчера го опустошиле домот на 43 годишниот гостиварчанец Х.Р.

Како што информираат од полицијата, крадците влегле преку подрумот и целосно ја пребарале куќата. Во една од спалните соби, го нашле куферот во кој гостиварчанецот го чувал своето богатство, го земале и си заминале.

Од тетовската полиција велат дека во куферот имало десетици парчиња златен накит и плик во кој имало две илјади евра. Вкупната штета се проценува на преку 20 илјади евра. Се преземаат мерки за пронаоѓање на крадците.

 

 

10.11.2013 - 11:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега