Откриен идентитетот на убиениот маж во Бутел

Мажот чие тело вчера беше пронајдено во паркот во скопски Бутел е идентификуван како 46 годишниот З.З. од Гостивар, објавува Макфакс.

Од полицијата информираат дека гостиварчанецот имал повреди на главата и телото, нанесени со огнено оружје. На местото на убиството биле прнајдени пет чаури кои се предадени на вештачење. Смртта на 46 годишниккот ја констатирал лекар од Итна помош. 

Полицијата работи на откривање на причините за престојот на гостиварчанецот во Скопје, и на можните мотиви за неговото убиство.

 

10.11.2013 - 11:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега